Нов пожар во околината на Скопје

од desk2

Пожар избувна попладнево во шума во селото Варвара во општина Студеничани во околината на Скопје, во правец кон селото Добри Дол, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Посочи дека во 17 часот имале дојава за пожарот од жители на селото и дека три возила со осум пожарникари се на терен.

– Пожарот е под контрола и не може да се прошири кон куќите и викендиците. Пожарникарите продолжуваат со гаснењето на пожарот, додаде Симоновски.

Слични содржини