НОВ СИЛЕН земјотрес во Турција

од Vladimir Zorba

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска околу 18:45 часот по локално време го погоди турскиот град Коња.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 метри.

Од кабинетот на гувернерот на Коња соопштија дека нема извештаи за материјална штета, пренесува Ројтерс.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа изјави дека итните служби не интервенирале за време на земјотресот.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека жителите во паника ги напуштаат своите домови по земјотресот.

Слични содржини