Во тунел во Салаковац кај Мостар фрлена е експлозивна направа, која експлодирала пред возило на генералот Анте Јелеча, началник на Заедничкиот штаб ма Вооружените сили на БиХ.

695652_anto-jelec_ff

„Јас не сум повреден ниту моето возило е оштетено. Само поминав низ дим. Јас пријавив во полиција и сега се врши истрага“, изјави генералот.

Полицијата привела на информативен разговор лица од автомобилот кој поминал низ тунелот непосредно пред експлозијата. Тунелот е затворен, а поширокото подрачје е блокирано.

Експлозивната направа оставила кратер, но за среќа ни генералот, ни некој од некогата придружба не е повреден.
Се сомнева дека станува збор за терористички напад.Според полициски извори, направата најверојатно е фрлена од возило во движење на ѕидот на тунелот.

Слични содржини