Нов „црн рекорд“ во Полска: 58 смртни случаи од коронавирус

од Vladimir Zorba

Полска потврди рекордни 58 смртни случаи од коронавирус за 24 часа, објави локалното Министерство за здравство, пренесe „Ројтерс“.

Полското Министерство за здравство објави податоци на Твитер, кои покажуваат ненадеен скок на бројот на пациенти кои биле хоспитализирани на апарати за дишење.

Земјата потврди 2.236 нови случаи во вторникот, опасно близу „рекордот“ од неделата кога 2.367 лица беа позитивни. Полска има 38 милиони жители, а досега има потврдено вкупно 104.316 инфекции со коронавирус и 2.717 смртни случаи, што е помалку отколку што забележале повеќето други европски земји.

Министерството за здравство исто така потврди дека некои болници во Полска веќе го немаат лекот ремодесивир.

Слични содржини