Нов удар за Игрите во Токио: Чешки олимпиец заразен со коронавирус

од Nikola Popovski

Чешкиот репрезентативец во одбојка на песок е третиот спортист од Олимпиското село кој е позитивен на коронавирус, беше објавено од неговиот тим.

Членот на националната одбојкарска репрезентација, Ондреј Перушич е заразен со вирусот и би можел да го пропушти првиот натпревар во понеделник против Летонија.

Предводникот на чешката олимписка репрезентација, Мартин Доктор, најави дека ќе побара одложување на натпреварите се додека Перушич не добие негативен тест. Тој бил вакциниран против коронавирус.

Тој е третиот жител на Олимпиското село кој е позитивен на Ковид-19, откако во неделата беа откриени два случаи меѓу јужноафриканските фудбалери.

Пред да го соопштат позитивниот резултат на чешкиот атлетичар, организаторите на Олимписките игри изјавија дека во понеделникот се потврдени два нови случаи, а станува збор за медиумски работник и член на персоналот на организацијата. Тие ќе поминат две недели во карантин.

Бројот на лица заразени со коронавирус е во пораст во Токио. Вонредна состојба е во сила во главниот град на Јапонија и околните префектури до 22 август.

Олимписките игри започнуваат во петок, а на навивачите им е забрането да присуствуваат на натпреварот.

Со два нови случаи, вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 од 1 јули меѓу луѓето кои учествуваат на Игрите или во организацијата на натпреварот сега е 60.

Тоа е резултат на тестирање на 22.000 луѓе кои пристигнале во Јапонија од 1 јули, од кои 4.000 ќе престојуваат во селото. На Олимписките игри се очекува да учествуваат 11.000 спортисти.

Слични содржини