Нов Зеланд не ја „израмни кривата“ туку ја „згази“: Забележаа само еден смртен случај од коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Поминаа помалку од две недели откако Нов Зеланд воведе блокада поради коронавирусот толку строга што беше забрането да се плива во море или лов. Овие не се основни активности, но им беше кажано на граѓаните да не прават ништо што може да ги пренасочи ресурсите на итните служби.

На луѓето им е дозволено да шетаат или да возат велосипед исклучиво во нивното соседство, чекаат во ред еден по друг да влезат во продавници и им се придружуваат на луѓето ширум светот во домашно учење, пренесува „Вашингтон пост“.

Потребни беа само 10 дена за да се појават знаци дека пристапот во Нов Зеланд – „елиминации“ а не „ограничување“ како во САД и другите западни земји – функционира.

Бројот на нови случаи се намали за два дена по ред, и покрај огромното зголемување на тестирања, со 54 потврдени или веројатни случаи пријавени во вторникот. Ова значи дека бројот на лица кои се опоравуваат, 65, го надминува бројот на дневни инфекции.

Досега, вкупниот број на пациенти со коронавирус на Нов Зеланд е 1.160.

„Знаците се ветувачки“, рече во вторникот Ешли Блумфилд, генерален директор за здравство.

Сепак, премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн е решена земјата да има целосни четири недели блокада – два целосни 14-дневни циклуси на инкубација – пред повторно отворање.

Како Нов Зеланд толку брзо ја стави епидемијата под контрола?

Додека коронавирусот ја опустоши Италија и се рашири во САД, оваа земја која се потпира на туризам – прима околу четири милиони меѓународни посетители годишно, скоро исто колку и нејзиното вкупно население – направи досега нешто незамисливо: ги затвори границите за странци на 19 март.

Два дена подоцна, Ардерн се обрати до нацијата преку телевизија од нејзината канцеларија – за прв пат од 1982 година – објавувајќи план за реакција на коронавирусот, кој вклучува четири фази, со целосна блокада на четврто ниво.

Група влијателни лидери разговараа со неа следниот ден, барајќи преминување на четврто ниво.

– Бевме многу загрижени за тоа што се случуваше во Италија и Шпанија. Ако не се затворевме брзо, болката ќе траеше многу долго. Беше неизбежно дека сигурно ќе влеземе во блокада, затоа работевме напорно за да биде остра и кратка – рече еден од нив, Стивен Тиндал, основач на „Warehouse“, најголемиот трговец на Нов Зеланд.

Во понеделникот, 23 март, Ардерн даде друго соопштение во кое кажа дека земјата има 48 часа да се подготви за четвртото ниво.

– Во моментов имаме 102 случаи. Но толку имаше и Италија еднаш“, рече таа.

Од средата навечер, 25 март, сите мораа да останат дома четири недели, освен ако не вршат основни работи како што се медицинска нега, одење во продавница или вежбање во близина на домот.

Неколку часа пред полноќ, пристигна порака на телефоните на жителите.

– Дејствувајте како да имате Ковид-19. Тоа ќе спаси животи. Ајде да сториме сè што можеме за да се обединиме против вирусот корона – се вели во пораката.

Од најраните фази, Ардерн и нејзиниот тим зборуваа на едноставен јазик: „Останете дома. Немајте контакт со некој надвор од вашиот куќен „балон“. Бидете љубезни. Сите заедно сме во ова.

Таа обично тоа го правела од подиумот на конференциската сала, на која се зборуваше за сè, од цените на карфиол, до субвенциите за плати.

Сепак, Ардерн, исто така, дава редовни информации и одговара на прашања на Фејсбук, таа го сторила тоа еднаш и додека седела дома, веројатно на кревет, во дуксер.

 

Evening everyone. Thought I’d jump online and answer a few questions as we all prepare to stay home for the next wee while. Join me if you’d like!

Публикувахте от Jacinda Ardern в Сряда, 25 март 2020 г.

Имаше и такви кои во почетокот се побунија

Имаше критичари и бунтовници. Полицијата им нареди на сурферите да излезат од брановите. Министерот за здравство беше фатен како го носи семејството на плажа и го возеше својот велосипед на ридовите. Ардерн, исто така, го прекори јавно, велејќи дека ќе го отпушти кога тоа не би го пореметило дејствувањето против кризата.

Но, како што пишува „Вашингтон пост“, имало чувство за колективна намена. Централно-десничарската Национална партија донесе јасна одлука да не го критикува одговорот на владата и да и помогне.

Овие напори се чини дека се исплатеа.

Откако бројот на пациенти достигна врв од 89 на 2 април, дневниот број на нови случаи се намали на 67 во понеделникот и 54 во вторникот. Огромното мнозинство на случаи може да биде поврзано со меѓународните патувања, со што следењето на контакт е релативно лесно, со многу спојување во карактеристични кластери.

Со малку докази за пренос во заедницата, нема голем број на луѓе што ги преплавуваат болниците во Нов Зеланд. Почина само едно лице, постара жена со постојани здравствени проблеми.

„Застојот рефлектира „триумф на науката и лидерството “, рече Мајкл Бејкер, професор по јавно здравје на универзитетот Отаго и еден од најдобрите епидемиолози во земјата, кој се залага за„ елиминациски“ пристап откако го прочита извештајот на СЗО за Кина во февруари.

Тој додаде дека Џасинда пристапила кон тоа решително и недвосмислено и се соочувала со закана.

– Другите земји забележаа постепено зголемување, но нашиот пристап е токму спротивното. Додека другите западни земји се обидоа да ја забават болеста и да ја „срамнат кривата“, Нов Зеланд се обиде да го елиминира целосно, рече Бејкер.

Некои американски лекари предложија американскиот претседател Доналд Трамп да го следи пристапот на елиминација.

Во случајот со Нов Зеланд, малата островска држава и го олесна затворањето на границите. Исто така, помага земјата честопати да се чувствува како село каде сите ги знаат останатите, така што пораките можат да патуваат брзо.

Следниот предизвик во Нов Зеланд: штом се отстрани вирусот, како да се спречи да се врати.

„Државата нема да дозволи луѓето слободно да влезат во Нов Зеланд додека вирусот не престане да циркулира глобално или не се развие вакцината“, рече Бејкер.

Но, со строги гранични контроли, ограничувањата би можеле постепено да се олеснат и животот во Нов Зеланд би можел да се врати во нормала.

Ардерн рече дека нејзината влада размислува за задолжителен карантин за новозеланѓаните кои се враќаат во земјата, откако земјата ќе се затвори.

Слични содржини