Нова студија: Ковид не е респираторна, туку васкуларна болест

од Stefanija Kuzmanovska

Членовите на студискиот тим од Американскиот универзитет во Сан Диего тврдат дека имаат доказ дека ковид 19 не е респираторна, туку васкуларна болест.

Ова, како што е наведено, може да објасни згрутчување на крвта кај некои ковид пациенти и симптоми како што се „ковид стапала“, кои не се класичен симптом на респираторни болести. Студијата објавена во списанието „Циркулационо истражување“, објаснува прецизно како вирусот ги оштетува клетките на васкуларниот систем.

Веќе е познато дека покрај различните симптоми, вклучително и респираторните, постојат и кардиоваскуларни проблеми кои влијаат на организмот. Тимот кој работеше на студијата покажа како вирусот го напаѓа васкуларниот систем или крвотокот.

Протеинот S во „спајкот“ што ја формира круната, го напаѓа рецепторот АЦЕ2, оштетувајќи ги митохондриите кои ги снабдуваат клетките со енергија и со тоа ги оштетуваат ендотелата, кои ги поставуваат крвните садови.

Научниците го забележаа ова и претходно, но точниот механизам и улогата на S протеинот досега не беше познат. Потоа, тие создадоа псевдовирус за потребита на студијата, кој имаше само S протеин, но и остаток од вирусот, за да покаже во лабораторијата дека протеинот е доволен за да се предизвика болеста.

„Ефектите врз респираторниот систем се последица на воспаление на васкуларното ткиво во белите дробови. Многу луѓе мислат дека ова е респираторна болест, но не е. Тоа може да објасни зошто многу луѓе доживуваат мозочен удар и зошто некои имаат проблеми во други делови од телото. Заедничко за сите е што имаат васкуларна подлога“, вели асистент во студијата, професор Ури Манор.

Слични содржини