НОВА СТУДИЈА: Вакцината Фајзер обезбедува заштита од делта соjoт, еве колку дози се потребни

од Берта Китинска

Студија спроведена на повеќе од 19 000 тинејџери и возрасни ширум Велика Британија дава неколку од првите убедливи докази дека и двете дози на вакцината Фајзер се навистина потребни за да се добие добра заштита од делта сојот.

– Јасно е колку е важна втората доза со цел да се обезбеди најсилна можна заштита од ковид и неговите варијанти – рече британскиот министер за здравство и социјална помош, пишува businessinsider.com.

Пациентите кои биле вакцинирани со двете дози вакцина Фајзер, по две недели, биле заштитени со околу 88 проценти од делта сојот.

АстраЗенека обезбедува околу 67 проценти заштита.

Слични содржини