НОВА ЗАКАНА за светот: Откриен „двоен мутант“ на коронавирусот- Дали е позаразен и посмртоносен?

од Stefanija Kuzmanovska

Покрај постоечките соеви на коронавирусот кои предизвикуваат загриженост ширум светот, од примероците собрани во Индија е откриена и нова варијанта наречена „двоен мутант“.

Научниците тестираат дали варијантата, во која две мутации се споиле во ист вирус, може да биде позаразна, смртоносна или поотпорна на вакцините.

Што е тоа „двоен мутант“?

Како и сите вируси, и коронавирусот се менува како што преминува од една на друга личност. Огромното мнозинство од овие мутации е занемарливо и не го менува начинот на однесување на вирусот. Но, некои мутации активираат промени во шилестиот протеин кој го користи вирусот за да влезе во човечките клетки – овие варијанти можат потенцијално да бидат позаразни, да предизвикаат посериозни болести или да ги избегнат вакцините.

Вакцините против респираторни патогени како САРС-Ков2, вирусот што предизвикува ковид-19, нè штитат стимулирајќи ги нашите тела да создаваат антитела. Најдобра заштита е „неутрализирање на антитела“, бидејќи тие спречуваат вирусот да влезе во човечките клетки.

Индиски научници јаоткрија таканаречената „двојна мутација“ на коронавирусот

Владата соопшти дека анализата на примероците собрани од западната држава Махараштра покажала „зголемување на учеството на примероците со мутации E484K и L452R“.

– Ваквите двојни мутации обично ја зголемуваат заразноста и полесно можат да избегнат имунитет – се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Д-р Џереми Камил, вирусолог од Центарот за здравствени науки при Државниот универзитет во Луизијана Шревепорт, изјави за Би-Би-Си дека E484K е сличен на E484K – мутација забележана во варијантите Б.1.351 (Јужна Африка) и П.1 (Бразил).

Доколку се појават доволно мутации во вирусното семејно стебло или лоза, вирусот може да започне да функционира поинаку и да предизвика загриженост.

Што се однесува до мутацијата L452R, исто така пронајдена во „двојната мутација“ во Индија, таа најпрво привлече внимание како дел од линијата B.1.427 / B.1.429 во Америка, понекогаш наречена „калифорниска варијанта“.

Дали „двојните мутанти“ се ретки?

Не се, вели д-р Камил, кој неодамна беше коавтор на студија за седум нови лози на новиот коронавирус во Америка.

– Сега е исклучително вообичаено да се видат повеќе истовремени мутации, дури и само на спајк протеинот – објаснува вирусологот.

Претходно за време на пандемијата, повеќето спајк гени имаа само една мутација – D614G. Сега таа мутација е доминантна, па затоа и над неа се случуваат нови мутации. GISAID, отворена база на податоци, наведува 43 вируси кои имаат и E484K и L452R мутации, откриени во Индија.

Д-р Камил вели дека британскиот вид има девет мутации на спајк протеинот.

Откако индиските истражувачи ќе ги внесат своите податоци во GISAID, научниците од целиот свет ќе можат да утврдат дали „двоен мутант“ од истата лоза како онаа пронајдена во Велика Британија, или дали оваа комбинација на мутации се појавила независно, како што беше случај со мутациите K417N / T, E484K и N501I кои се „здружија“ во Бразил и Јужна Африка и ги формираа соевите P.1 и B.1.351.

Колку треба да не загрижува новата варијанта?

Мутациите во спајк протеинот можат да го направат вирусот „подобар“ при инфицирање на луѓе или да му дозволат да „избега“ од неутрализирачките антитела. Ова значи дека ако вирусот мутира на „вистински начин“, тој може повторно да зарази некој што веќе прележал ковид-19. Но, научниците велат дека реинфекциите ќе бидат многу лесни во споредба со примарните инфекции кај луѓето кои биле вакцинирани или веќе се опоравиле од ковид.

Меѓутоа, ако вирусот може да користи реинфекција за ширење, тогаш би било значително потешко за човештвото да постигне колективен имунитет. Ова ги загрозува најзагрозените лица од сериозни болести, бидејќи вирусот може да се движи низ „колективот“ за да стигне до нив.

Се вели дека за разлика од некои други варијанти, новата двојна варијанта од Индија веројатно нема да биде посмртоносна или попренослива, но дека се потребни повеќе податоци за да се утврди тоа со сигурност.

Слични содржини