Нови докази дека се подготвува војна во Украина (ФОТО)

од Milan1

Новите сателитски снимки објавени од американска технолошка компанија го покажуваат продолжувањето на руската акумулација на воени сили во Крим. Според светските медиуми, Русите распоредуваат војници во западниот дел на земјата и во Белорусија.

Си-Ен-Ен истакнува дека овој континуиран притисок врз Украина од три правци ги зголеми стравувањата дека Кремљ навистина планира инвазија.

На снимките на Крим кои ги собрала компанијата „Максар“ забележани се голем број војници и опрема, изјави директорот на таа компанија Стивен Вуд. Силите се распоредени на аеродромот Октјабрски, северно од главниот град на Крим, Симферопол.

„Максар“ проценува дека на аеродромот биле испорачани повеќе од 550 големи воени шатори и стотина возила. Од компанијата посочуваат дека испораката на опрема била забележана недалеку од градот Славна на северозапад од Крим.

Новото трупање војници на Крим доаѓа во време кога руски воени бродови, вклучително и големи амфибиски бродови, стигнуваат до Севастопол, главното пристаниште на Крим. „Максар“ забележа и во Белорусија, како што рече, „новата испорака на жива сила, воени возила и хеликоптери“ на аеродромот Зјабровка кај градот Гомељ, на околу 25 километри од границата со Украина.

Слични содржини