Нови обвинувања: Дали победничката песна на Евровизија е плагијат?

од Nikola Popovski

Италијанскиот бенд „Манескин“ повторно е во центарот на скандал, откако беа обвинети дека нивната песна „Зити е буони“, со која победија на овогодинешната Евровизија, е плагијат.

Имено, Јорис Лиснс, член на рок-групата „The Vendettas“, дал забелешки кога за холандската РТЛ изјавил дека победничката песна „Зити е Буони“ победила прво на „Санремо“, потоа во Ротердам, но дека песната потсетува на делови од неговиот хит „You want it, you’ve got it“.

Оваа музичка група, прецизира РТЛ, нема да преземе никакви законски мерки против италијанските пејачи.

„Овие млади луѓе сè уште не биле родени кога го имавме нашиот рок бенд“, признал пејачот, но додал дека не е целосно сигурен дека биле украдени.

Слични содржини