Нови шест случаи заразени со корона вирус

од Ивана Рамаданова
326 прегледи

Нови шестмина од 12 тестирани денеска се позитивни на тестот на коронавирус, соопшти на пресконференцијата министерот за здравство, Венко Филипче.

„Заедно со овие шест, бројот на регистрирани случаи се искачи на 18, од кои една пациентка е веќе излечена“, рече Филипче.

Една од заразените пациентка синоќа стигнала од Барселона.

„Таа пред поаѓање имала покачена температура, и затоа патувала со маска и ракавици. Кога стигнала  сама се пријавила. На сите 51 патник кои патувале со тој авион им е дадено решение да се самоизолираат“, изјави Филипче.

Петмина од новозаразените се од Дебар. Според Филипче, сите тие се со лесна клиничка слика и нема да бидат транспортирани во Скопје.

Министерот соопшти и дека на денешната Владина седница биле донесени нови дополнителни мерки.

Владита формира кризен штаб со кој ќе управува Претседателот на СРМ, со цел да се врши целосна координација.

И.Р.

Слични содржини