Новиот вид на коронавирус се појави и во Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Кина денес го потврди првиот случај на новиот вид коронавирус откриен во Велика Британија, соопштија здравствените власти.

Станува збор за 23-годишна девојка, која на 14 декември долетала во Велика Британија од Шангај, соопшти кинескиот центар за контрола на инфективни болести, пренесува Танјуг.

Властите предупредуваат дека случајот претставува „голема потенцијална закана“ за напорите на Кина да спречи и контролира ширење на вирусот.

Поради новиот вид на коронавирус, за кој се верува дека се пренесува многу побрзо, повеќе од 50 земји во светот, вклучувајќи ја и Кина, воведоа ограничувања на патувањата од Велика Британија.

Слични содржини