254
Во Министерството за правда денеска се изврши примопредавање на функцијата заменик министер за правда меѓу досегашниот, Агим Нухиу и новоименуваната, Викторија Аврамовска Мадиќ.
Нухиу и честиташе на Мадиќ за назначувањето на оваа одговорна функција посакувајќи и успешна работа. Викторија Аврамовска Мадиќ му се заблагодари на Агим Нухиу за неговиот досегашен придонес и му посака успех во идните предизвици.
-Фокусот на Министерството за правда и натаму ќе биде насочен кон реформите во правосудството, скринингот,подобрување на условите во затворите, реализација на целите, приоритетите и закондавната агенда, велат од Министерството за правда.