Њујорк им забранува на сексуалните насилници да играат покемон

од Vladimir Zorba

Смартфон играта “Pokemon Go” која го полуде целиот свет, ќе биде недостапна за сексуални криминалци во американскиот град Њујорк, за да не привлекуваат полесно деца.4974051

Гувернерот на градот Ендрју Куомо им нареди на службите за работа со осудените лица да им забрани на близу 300 регистрирани педофили да ја симнат апликацијата преку која може да се игра на Покемон, како и други интернет игри. Извештај на двајца њујоршки американски сенатори истакнува дека децата кои играат на Покемон, несвесно ќе се примамат во близина на педофили.

Истрагата на сенаторите покажа дека 57 хероја од Покемон биле непосредно пред 100 домови на регистрирани во градот Њујорк сексуални насилници осудени или на условна казна за злосторства од злоупотреба на деца до поседување на детска порнографија. Од 2008 година сексуалните престапници во Њујорк се обврзани да ги објават пред властите сите свои електронски адреси и интернет идентитет.

Слични содржини