„Њујорк Тајмс“: Зошто Хрватска и Грција добро се справија со корона-кризата?

од Nikola Popovski

Земјите како Хрватска и Грција, кои воведоа рани мерки за спречување на ширење на епидемијата на коронавирус, имале поголема соработка со граѓаните, што е поврзано со искуствата од војните и финансиските кризи, пишува „Њујорк Тајмс“.

За време на пандемијата на коронавирус, во светот бил забележан парадокс: Богатите земји не се покажале како подобри во борбата против кризата отколку посиромашните.

Богатите земји, кои традиционално биле во можност брзо да ги распределат ресурсите, зајакнати од добро финансирани владини механизми дизајнирани за подобро надминување на кризата, генерално не успеале добро да управуваат со пандемијата на коронавирус.

Во Европа, болеста ги уништила Велика Британија, Франција и Италија, три од четирите најголеми економии на континентот.

Но, помалите, посиромашни земји во Европа брзо ги наметнале и применија строгите ограничувања на кои се придржуваа и досега имаа поголем успех во спречувањето на вирусот.

Меѓу овие земји, од кои некои сега претпазливо ги отвораат своите економии и општества, се оние со силни резерви на отпорност како резултат на искуства од релативно неодамнешните тешки времиња.

Со оглед на тоа што го поминале нивните жители не толку одамна, строгите мерки се чинеле помалку напорни, што поттикнувало за поголема социјална соработка, пишува весникот.

Како пример за вакви земји, „Њујорк Тајмс“ особено ги посочува некои од државите кои некогаш припаѓале на комунистичкиот блок, како што се Грција и Хрватска, во кои властите имаат позитивен став за издржливоста на нивното население.

Слични содржини