Њујоршки доктор предупредува: Кој тип на мажи имаат поголем ризик од инфекција со коронавирус и потешко можат да се излечат? (видео)

од Nikola Popovski

Д-р Раби Рахмани, директор на Одделот за истражување во болницата Маимонидс во Њујорк, објави видео за кое верува дека е од големо значење, особено за машката популација.

Тој посочи дека ова е нешто за што ќе се зборува во наредните денови, а тој и повеќето негови колеги забележале нешто заедничко кај мажите кои имаат коронавирус и развиле потешки симптоми.

– Мажите со големи вратови и оние кои имаат трункална дебелина, односно не се дебели освен во абдоменот, имаат поголем ризик за развој на потешки симптоми на болеста „Ковид-19“ и полоши шанси да го надминат.

Тој ги предупреди сите мажи кои имаат одредена форма на дебелина да се заштитат себеси повеќе од кога било.

– Кога станува збор за оваа популација на пациенти, многу е важно тие да бидат претпазливи за време на пандемијата на коронавирусот, односно да не ја напуштаат куќата без итна потреба, и доколку го сторат тоа за да се заштитат. Најдобро би било ако некој друг купува намирници и се што им треба за нив, за да не излегувааат надвор- советува д-р Рахмани.

Абдоминалната дебелина е изразена дебелина која е непропорционална со целокупната дебелина и е независен предиктор за ризикот по здравјето на пациентот. Луѓето со BMI од 25 кг / м2 до 34,9 кг / м2 со обем на половината поголем од 88 см кај жениte и 102 см кај мажиte, соодветно, се изложени на зголемен кардиометаболен ризик (дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања).

Слични содржини