Нуркач ја откри страшната вистина зошто не можат да извадат цели тела на загинати од Ту-154 (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
79 прегледи
Десетици нуркачи и спасувачи продолжуваат да работат деноноќно во реонот на несреќата со Ту-154 крај Сочи. Тие вадат од дното на Црното Море делови од телата на загинатите и остатоци од авионот со кој летаа кон Сирија 92 лица -екипаж , уметници од ансамблот Александров, новинари и хуманитарката  Лиза.

Веќе се пронајдени 19 тела на загинати, трите црни кутии и илјадници детали од авионот. За време на истрагата раскажува во интервју за  КП.ру началникот на спасувачкиот одред на Министерството за вонредни ситуации Вјачеслав Иваштенко.

– Во какви услови работите?
– Условите се идеални. Авионот лежи на големо подводен брег. Длабочината речиси насекаде е иста – околу 25 метри. Односно во текот на денот може да се работи без посебно осветлување. Дното е песочно, нема тиња и ѓубре.

– Што успеавте да најдете?
– Големи и ситни детали од авионот, лични предмети. Ако најдете било какви електронски уреди – телефони, таблети, веднаш ги испраќаме на експертиза. Вчера е дигнат од дното авијацискиот мотор со тежина од 3 тони. Наоѓаме и делови од тела.

– Дали  тела се цели или?
– За жал. Така е  секогаш со  силен судир со вода . Загинатите буквално се искинати на парчиња. Истата морничава слика беше и при несреќата на Ербас на ерменските авиокомпанија пред 10 години па крај Адлер. Траумите се слични. Ова објаснува и зошто телата немаат облека. На нив нема изгореници, што сведочи дека немало експлозија на авионот.

– Како  ги барате остатоците на дното?

– Од бродот на површината стигаме со  сидро, врзани за него  со јаже и почнуваме да одами по  дното во круг. Потоа продолжеуваме  во поголем круг. Малите предмети се врзани со јаже и се повлекуваат на површината од колегите во чамец. На големите преддмети ги  означуваме  координатите и доаѓа брод со кран. Потоа ги врзуваме со јажиња и кранот ги  повлекува на бродот.– Што наоѓате повеќе – лични предмети или детали од авионот?
– 90% се елементи од авионот. Многу ретко наоѓаме предмети на патниците.
– Комплицирано ли е психолошки да пливаат под вода и да наоѓате човечки остатоци?
– Не е лесно, но треба да се поставите правилно. Јас се фокусирам на мислата дека треба да ја  извршам оваа тешка, но важна работа. Да ги вратиме загинатите на нивните блиски и роднини. И тоа може да го направам  само јас. Други нема. Еве таквата мотивација помага …