Твитер акаунтот @POTUS кој го користеше американскиот претседател Барак Обама, од 20 јануари ќе стане “сопственост” на новиот сопственик на Белата куќа Доналд Трамп, соопштува ТАСС и додава дека и с заминување на претседателот Обама  остануваат твитови, кои веќе уживаар исклучителна популарност .

Сметката @POTUS (President of the US) беше регистриран на Твитер од самиот Обама во почетокот на неговиот мандат. Завршувајќи ја  работа како претседател, тој остави проштална порака која стана најпопуларната меѓу сите, оставени од него за двата негови мандата.

“Ви благодарам за сè. Последното  барање е иста како и првото. Ве молам да верувате – не во моите способности да правам промени, туку  во вашите”, напиша Обама. Соопштението веќе има над 1,4 милиони лајкови.