Објавен списокот за Евровизија 2023, две земји од поранешна Југославија се повлекоа

од Stefanija Kuzmanovska

Официјалниот евровизиски канал ја објави листата на земји кои следната година ќе се натпреваруваат во Ливерпул. Како што е наведено, 37 земји го потврдиле учевството.

Сепак, две земји од поранешна Југославија, Северна Македонија и Црна Гора, одлучија да се повлечат од натпреварот, а и Бугарија исто така се повлече.

Проблем со финансиите

Како причина за повлекувањето, северномакедонската телевизија МТВ претходно го наведе проблемот со финансиите.

„Одлуката е во најдобар интерес на јавноста, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, кои зафаќаат голем дел од буџетот за јавни услуги“, наведуваат оттаму.

Радиотелевизијата на Црна Гора го оправда своето повлекување со преголеми трошоци.

Русија и Белорусија, на кои им беше забрането учество поради војната во Украина, годинава повторно не се најдоа на листата на конкурентски земји, пишува „Индекс“.

Слични содржини