Објавена СНИМКА како изгледа опкружувањето на болницата во Газа по синоќешната експлозија

од Stefanija Kuzmanovska

Според официјалните информации, најмалку 500 Палестинци се убиени во синоќешниот напад на баптистичката болница Ал Ахли во Газа. Според палестинските власти, експлозијата се случила за време на воздушен напад на израелските сили, а Израел негира каква било одговорност.

Ден по страотниот настан се уште не може да се изброи точниот број на жртви, а сцените од местото на настанот се страшни.

Објавено е видео како денес изгледа околината на болницата која беше уништена во експлозијата со бројни жртви.

Според последните официјални податоци на палестинското министерство за здравство, од 7 октомври вкупниот број на жртви во Газа надмина 3.300, а бројот на ранети надмина 13.000.

Слични содржини