Објавени снимки – што бараше Израел во Сирија, на денот кога беше соборен рускиот авион?

од desk2

 

Russia today пренесе сателитски снимки од место во Сирија кое се најде на удар на израелската воена авијација на денот кога беше соборен рускиот борбен авион.

Како што се наведува, фотографиите иницијално ги објавила компанијата ImageSat, која навела дека се работи за магацин со оружје во Латакија.

На фотографиите се гледа, констатира весникот, дека објектот е потполно уништен.

„Израел главно не ги признава своите воени активности во Сирија, барем не веднаш. Сепак, израелската војска презеде одговорност порано од очекуваното, откако руското министерство за одбрана идентификува израелски авиони од типот F-16 како учесници во акцијата, за време на која од радарот исчезна рускиот авион типIl-20“, се наведува.

Мусква упати критики на сметка на Израел дека не издал предупредување за напад, со обвинение дека рускиот авион е искористе како маска за израелските летала.

„Гаѓајќи израелски авиони, сириската противвоздушна одбрана испалила неколку ракети кои го соборија рускиот авион“, наведува Russia today.

Од израелската војска рекоа дека мета на нападот бил магацинот со оружје на сириската војска, кој има потекло од Иран и Хезболах.

Слични содржини