Објавено ВИДЕО на кое турската војска отстранува гранична ограда

од Vladimir Zorba

Грчката влада во неделата објави ноќно видео од границата на која се гледа турско воено возило како отстранува ограда.

Гранично возило за надзор ја отстрани оградата со помош на јаже, посочи владата во Атина, а тензиите меѓу двете држави поради мигрантите лоцирани на турско-грчката граница и понатаму растат.

Граничната бариера е веќе оштетена благодарение на мигрантите што ја исекоа при обидот да влезат во Европската унија.

Видеото дополнително ќе ги интензивира тензиите на границата каде се судрија грчките безбедносни сили и мигрантите, но и грчките и турските полицајци, кои испукаа солзавец на грчка територија.

Одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го отвори патот за мигрантите во Европа, го налути грчкиот премиер Киријакос Микотакис, кој објави дека договорот „Европа-Анкара за ограничување на миграцијата во 2016 година е „мртов“.

Со тој договор, Турција се согласи да ги задржи мигрантите на својата територија во замена за финансиска помош од ЕУ. Анкара тврди дека Европа не ги исполнила своите обврски според договорот и се плаши од нов прилив на бегалци во врска со конфликтот во Идлиб во северозападна Сирија.

Слични содржини