Објавено ВИДЕО од апсењето на напаѓачот од Нотингем

од Stefanija Kuzmanovska

Британската полиција соопшти дека три лица се пронајдени мртви рано утринава во Нотингем и дека еден маж е уапсен.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа наводното апсење на мажот осомничен за убиствата.

Сепак, полицијата се уште се обидува да утврди што точно се случило.

Засега се претпоставува дека се работи за два поврзани инциденти во кои маж уби три лица, а потоа со комбе прегази случајни минувачи.

Еден сведок изјави за „Скај њуз“ дека видел маж како напаѓа други луѓе со нож.

Една жена рече дека утрово видела комбе како удира две лица на улица во центарот на градот.

Слични содржини