Трагедија во Скопје: Починал од струен удар додека косел трева

од Nikola Popovski

Скопјанец починал од струен удар додека косел трева со импровизирана косилка, стои во полицискиот билтен на МВР.

Според објавеното, на 25.05.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, додека В.П.(66) од Скопје косел трева со импровизирана косилка, се здобил со струен удар и починал.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По насоки на јавен обвинител била извршена обдукција која ја потврдила причината за смртта, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини