„Облечи се и поднеси оставка“: Премиерката на Финска снимена како лудо се забавува (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерката на Финска, Сана Марин (36) повторно се најде на удар на критики поради забавување.

На интернет се појави видео на кое се гледа како таа се забавува и танцува со пријателите, што налути многу граѓани бидејќи сметаат дека таа повеќе време поминува на забава наместо да ја води државата.

Во видеото таа беше во друштво на локални инфлуенсери, јутјубери и пејачката Алма.

Финскиот спортски водител Алекси Валавуори беше особено изнервиран, кој рече дека Марин е најлошиот премиер што некогаш го имале.

– Ова е премиерката на Финска, Сана Марин. Некои велат дека е кул… Можеби за тинејџери. Но, да се биде одговорен лидер на државата среде криза? Таа е најнеспособниот премиер што сме го имале. Таа не знае ништо. Те молам облечи ја кожната јакна и поднеси оставка. Благодарам – порача тој на Твитер.

Инаку, Марин беше во центарот на контроверзите минатата зима кога беше откриено дека се забавувала среде пандемијата, кога важеа препораките да се остане дома поради коронавирусот. По силната реакција на јавноста таа му се извини на народот.

Премиерката е позната по тоа што сака да посетува бројни фестивали, но често ја критикуваат поради тоа.

Слични содржини