Обожавателка на Тејлор Свифт дошла на концерт со ќебе преку глава, а ова е причината зошто (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Тејлор Свифт неодамна одржа концерт во Охајо, а ова воедно е и почеток на турнејата Ерас.

Концертот на стадионот „Пајкор“ собра 65.000 фанови на оваа пејачка, а дел од нив беа интервјуирани од новинарските екипи.

Убедливо најголемо внимание предизвика жена која на концертот дојде со ќебе над главата и очила за сонце. На интернет кружи интервју со неа, а причината поради која дошла вака облечена е што го излажала шефот дека е болна и поради тоа не може да оди на работа.

„Ја обожавам. За малку ќе ја крстев ќерка ми по неа“, изјавила мистериозната обожавателка.

Слични содржини