Обвинетите за убиството на Денис Тот не се чувствуваат виновни

од Берта Китинска

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Обвинителката од Скопското јавно обвинителство даде воведни зборови во кои кажа дека тројцата обвинети и Тот, излегле од ноќниот клуб во парк за да си одат, влегле во такси возило кое стоело пред ноќниот клуб, па по кратка расправија во таксито, обвинетиот Костовски излегол, дошол до Тот кој се уште бил во возилото и започнал да го влече за рака за да го извади од возилото.

– Од сите тие удари оштетениот се здобил со повеќе повреди, како и тешки телесни повреди и како резултат на сите тие повреди кај оштетениот настанала коматозна состојба. Истиот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Клиничкиот центар Мајка Тереза, рече таа.

Хрватскиот ракометар, Денис Тот, беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје.

Слични содржини