Очекувам чиста победа во Скопје и поголем број општини, вели Заев

од Nikola Popovski

Граѓаните ќе имаат убав избор. Општините се важни во секојдневниот живот на општеството. Важно е граѓаните да го изберат најдоброто, вели премиерот Зоран Заев, за тоа што очекува од локалните избори.

Тој истакна дека очекува чиста и јасна победа во Скопје.

-Како и поголем број општини и советници и поголем број на гласови. Сепак, не очекувам дека ќе биде победа како во 2017 година, потенцира Заев, додавајќи дека како партија имаат подобри кандидати и личности.

-Ако доволно вреди Шилегов или Заев, граѓаните ќе го изберат, ако не го изберат подоброто, кажа премиерот во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини