-
Што треба да имате во вашиот автомобил?
Среда, 15 ноември 2017 година, почнува да важи обврската за задолжително поседувањезимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Републичкиот совет забезбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување за законските одредби кои треба да гипочитуваат возачите за управување со возило во зимски услови.Користењето и носењето зимска опрема во возилата е пропишано во член 361 од Законот забезбедност на сообраќајот на патиштата согласно кој моторните возила и мобилните машиникога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително требада поседуваат пропишана зимска опрема. На секој возач кој постапува спротивно на одредбитеод овој член од законот ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра воденарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.Според истиот член од ЗБСП, полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошнотодвижење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење иупотреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да гопрекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носењена зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедноодвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возачзадолжително да ја постави зимската опрема на возилото.Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, апелира до возачите, данаправат зимска проверка и подготовка на своето возило, навремено да ја обезбедат потребнатазимска опрема и истата секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат,бидејки само на тој начин, ќе се овозможат услови за безбедно управување со возилото возимски услови и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.Што се подразбира под зимска опрема во возилата?Под зимска опрема за моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500kg, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите наслојот што гази, од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала содлабочина на шарите на слојот што гази, минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снегсо адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. -
Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимскипневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шестмилиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите наслојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm). Синџири за снег потребно е да поседувасекое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојанпогон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон,синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.
Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg,подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите наслојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профилна сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум одчетири милиметри (4mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала илидруги соодветни помагала;Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџириза снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и: –прирачен алат – лопата.Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“,„M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
167