Интензивната енергија создадена од контактот на Венера и Марс на 7 февруари во Јарец, ги нагласува приоритетите, безбедноста, одржливоста и односите кои се стремат кон долгорочно.
Затоа, односите започнати во тој период ќе имаат сериозна почетна точка и ќе се засноваат на силни принципи и начела и навистина имаат перспектива да траат.
Самата конјукција, односно средбата на овие две планети, ги зајакнува сексуалните желби, привлечноста и машко-женскиот принцип, присуство и сигурност со кои мажите ќе зрачат со својот став, држење и самодоверба, што ќе го привлече вниманието на многу дами.
Во моментов, дамите ќе бидат привлечени од зрели, остварени и постари мажи. Како што самата енергија ја нагласува средбата на јавни места, средбата многу лесно може да се одржи околу 16 февруари, кога е токму овој аспект, што ќе значи дека времето за започнување на врска е идеално.
Најпрво ќе се почувствува хемијата, погледите нема да можат да се сокријат, а самата приказна само уште повеќе ќе ги продлабочи работите. Дамите ќе зрачат со сериозност, воздржаност и одредена доза на претпазливост што ќе ги натера да не дозволат мажот да ги освои само така, туку постепено – како што се стекнува доверба и се топи мразот.
Оваа енергија секогаш се покажува како доминантна, а и покрај двоумењето сигурно ќе и дадете шанса на нова емотивна приказна.
За разлика од поспаниот јануари, еве одлична енергија во февруари да ве разбуди!
Најемотивно ќе влијае и емотивно ќе ги разбуди Јарците кои ќе чувствуваат дека средбата била запишана во ѕвездите, Биковите чии емоции се на кулминација и не можат да ги задржат, како и Раковите, кои ќе бидат продорни во меѓучовечките односи и мета на многу погледи и симпатии.
Енергијата ќе ги придвижи Лавовите адреналински, зрачејќи со харизма и сексапил, откако многу лесно ќе флертуваат и комуницираат. Вагите ќе можат да ги зајакнат и официјализираат своите врски, додека Рибите ќе бидат шармантни во комуникацијата и ќе флертуваат на две или повеќе страни.
На Шкорпиите и Девиците љубовта ќе им дојде преку Интернет или преку заеднички пријатели, Стрелците ќе сонуваат за идеален партнер, па затоа треба да внимаваат да не идеализираат некого, додека за Близнаците симпатијата ќе дојде преку работата.
Љубовната средба на Водолијата може да дојде преку одредена прослава. Овенот може да планира заеднички живот во случај да е зафатен, додека како слободен човек му доаѓа љубовна средба кога најмалку очекува.
Оваа енергија дефинитивно никого не остава рамнодушен!