Од денеска поголема слобода за движење

од Берта Китинска
355 прегледи

Полицискиот час наместо од 21 часот, од денеска ќе почнува од 23-05 часот.

Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Бранот стивнува, но внимателно ја следиме состојбата, вели министерот за здравство според кој досегашните рестрикции дале резултат во намалување на епидемиолошката крива.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169.

Слични содржини