Од грип почина 14-годишно дете

од Vladimir Zorba
87 прегледи

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете. Како што информираат од Министерството за здравство, детето претходно боледувало и од церебрална парализа.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип, ова е петти регистриран смртен случај од грип оваа сезона.