Големи легенди на спортот нè напуштија во оваа тешка 2020 година. Од Коби Брајант, преку Диего Армандо Мардоне до Паоло Роси, оваа година беше навистина немилосрдна.
Еден од најголемите кошаркарски идоли на генерацијата Брајант почина на 26 јануари, кога се урна хеликоптер во Калифорнија.
Хеликоптерот на славниот кошаркар паднал поради лошите временски услови, магла и висока влажност, а во таа прилика, покрај него, животот го загубија уште осум лица, меѓу кои и тринаесетгодишната ќерка на Брајант, Џиана.
Познатиот спортист почина на 41 година. Тој е дел од НБА лигата од 1996 година, кога стана член на Лејкерс, чиј дрес го носеше до пензија и со кого освои пет титули.
Диего Армандо Марадона почина на 25 ноември од последици на срцев удар на 61 година.
Легендарниот фудбалер имал огромни здравствени проблеми во последните неколку недели и месеци, па затоа бил под постојан медицински надзор.
По погребот, се појавија многу интригантни работи за неговата кариера.
Страшната 2020 година го додаде и Паоло Роси на списокот на легенди кои не напуштија.
Ќе остане запаметен како најдобар стрелец и играч на шампионатот, носејќи ја Италија до титулата светски првак во 1982 година.
Во четвртфиналето против Бразил постигна хет-трик за 3: 2, во полуфиналето ги „суреди“ Полјаците со два гола, зачини сè со погодок против Западна Германија во финалето, кога беше 3:1.
И Дејвид Стерн не напушти на првиот ден од оваа година по компликациите од операцијата на мозокот што ја имаше еден месец порано. Како комесар на НБА лигата, тој го смени спортот засекогаш, а неговото заминување како да ни најави што не очекува.