Од Македонија стигна во Белград: Вратена оградата на српското Собрание од 1936 година

од Nikola Popovski
623 прегледи

Во четврток, на 10 јуни, претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, ќе присуствува на свеченото примопредавање на дел од поранешната парламентарна ограда од страна на претставниците на градот Охрид и делегацијата на С. Македонија, било објавено денес на веб-страницата на националното собрание на Србија. Тоа е зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година.

Како што е наведено на веб-страницата на Собранието на Србија, примопредавањето ќе се изврши на платото пред Домот на Националното собрание во четврток во 7.30 часот, а оградата свечено ќе му ја предаде на Дачиќ, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

Споменатиот дел од оградата бил пред Собранието во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид, каде ја украсувал вилата „Билјана“, каде повремено престојувал Јосип Броз Тито. Оградата е изработена од ковано железо и според проектот на архитектот Николај Краснов.

Како што работниците пред Собранието изјавиле за српските медиуми, оградата била донесена денес со авион од Северна Македонија.

Фото: N. Skenderija

Слични содржини