Од полноќ поевтинуваат бензините

од Берта Китинска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на Одлуката од 22.11.2021 година.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,298 денар/килограм

Од 30.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 66,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 41,543 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 2,572% %, кај дизелот за 2,001 %, кај екстра лесното масло за 2,247 % и кај мазутот намалување е за 0,493 % .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,215 % .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.11.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.

Слични содржини