Од понеделник тестови за коронавирус ќе се прават во Поликлините Чаир и Јане Сандански

од Aleksandar Todeski
338 прегледи

Од денеска е во функција и call центарот – 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање на брисеви – материјали во Поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, кадешто веќе е распределен стручен кадар, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

„Денеска заврши и координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување, преку системот Мој Термин, а после јавување на нивните пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Од понеделник, освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во call центарот пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари доколку се постави индикација според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат – да се закаже земање на материјал во еден од двата пункта“, пишува Филипче на Фејсбук.

Од денеска е во функција и call центарот – 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот…

Публикувахте от Венко Филипче в Събота, 21 март 2020 г.

Слични содржини