Од први јануари поскапува паркингот на скопскиот аеродром

од Stefanija Kuzmanovska

Од први јануари поскапува паркингот на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, остануваат истите цени од 100 денари за еден час, 150 денари за два часа и 200 денари за три часа.

Поскапување за 50 денари има за паркирање на аеродромот над три часа, односно од 250 на 300 денари, 400 денари ќе биде паркирање од 4 до 6 часа, 500 денари од 6 до 8 часа, а 1.000 денари место 850 денари од 8-24 часа.

За 1.000 денари поскапува паркирањето на неколку дена. Од три до пет дена паркирањето ќе чини 3.500 денари, од пет до седум дена 4.500 денари, а за секој нареден ден ќе се плаќа по 400 денари.

И понатаму останува бесплатно паркирање од 10 минути пред терминалната зграда, каде е овозможено кратко застанување за испраќање и пречекување патници. Доколку возилото се задржи повеќе од 10 минути се плаќа билет од 500 денари.

На Меѓународниот аеродром во Скопје има 1.200 обележани места за паркирање автомобили и шест обележани места за автобуси. Има вкупно 20 паркинг-места за лица со попреченост, каде користењето на паркингот е бесплатно во рок од 24 часа.

Плаќањето за паркинг услугите се врши преку автоматски машини.

Слични содржини