Од што најмногу се плаши секој хороскопски знак?

од desk4

Според астрологијата, секој од 12-те хороскопски знаци има еден страв кој е карактеристичен само за тој знак.

Некои од овие стравови потекнуваат од детството, некои се последица на траума, причинитие можат да бидат различни…

Прочитајте кој е вашиот:

Овен

Овните не сакаат да мируваат и сакаат да постигнат секогаш да се секаде, во секое време. Најголем страв им е да не останат незабележани во друштвото.

Бик

Тие сакаат стабилност и темелно структурирање на животот. Се плашат од неочекувани промени, со кои мислат дека не можат да излезат на крај.

Близнаци

Близнаците се многу независен знак и сакаат слобода и динамика. Најмногу од сè се плашат дека животот ќе им се претвори во рутина.

Рак

Тие се чувствителни и уживаат во тоа да бидат прифатени и сакани. Се плашат од отфрлање, било да се работи за пријатели или за врска.

Лав

Не постои Лав кој сака да биде на маргините и сака да учествува во носење на сите важни одлуки. Се плаши од тоа да биде заборавен или игнориран.

Девица

Сите Девици се перфекционисти и често нивните цели се нереални и многу високи. Најмногу се плашат дека ќе се изневерат себе.

Вага

Вагите се многу логични и аналитични и сакаат сè околу нив да е во тие рамки. Страв им е дека некогаш може да донесат погрешна одлука.

Скорпија

Тие најмногу ги ценат довербата и искреноста и тоа го бараат и од партнерот и од пријателите. Се плашат дека може да бидат предадени или изневерени.

Стрелец

Стрелците се знак кој не сака да се ограничува, па така нивниот најголем страв е дека некој ќе им поставува граници или ги става во „кафез“.

Јарец

Тие се амбициозни и склони кон планирање. Работат напорно додека да ја остварат зацртаната цел. Се плашат дека еден ден нема да ги остварат сите свои соништа.

Водолија

Тие се доследни на својот карактер и тоа ги прави уникатни и единствени. Се плашат од тоа дека некој можеби ќе побара од нив да се променат.

Риби

Тие се полни со љубов кон сите и сакаат да бидат опкружени со личности кои ги сакаат. Најмногу од сè се плашат дека ќе бидат отфрлени и осамени.

Слични содржини