Одбиената жалбата на Камчев, останува во притвор

од Nikola Popovski

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор, откако Апелацискиот суд му ја одбил поднесената жалба. Притворот му е определен за случајот Плацеви на Водно.

Бизнисменот неколкупати бараше да му биде укинат притворот, за што нудеше и милионска гаранција, но засега и понатаму останува зад решетки во истражниот затвор „Скопје”.

Камчев на денешното рочиште се пожали пред судиите дека лицата кои го спроведувале се ижживувале врз него, додека останатите затвореници гледале од страна и му се исмејувале.

За овој случај обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, неговиот кум Ристо Новачевски, екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, мајката на Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Слични содржини