Одбраната со завршни зборови за случајот „Организатори на 27 април“

од Берта Китинска

Денеска во Кривичниот суд одбраната и обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” треба да ги дадат завршните зборови.

Кривичниот совет за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Рускоска достави изменето обвинение и рече дека Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Спиро Ристоски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски направиле план за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за да спречат мирно примопредавање на власта, што довело до напад на Собранието. Груевски уште во февруари 2017 година ги повикуваше граѓаните „да не седат дома во папучи“ и „да ја земат судбината во свои раце“, рече Рускоска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Крвавите настани на 27 април се случија пред четири години откако поддржувачите „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието, откако тогаш опозициската СДСМ заедно со ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса го формираа парламентарното мнозинство и го избраа Талат Џафери за собраниски спикер, по што следеше упадот. При упадот во Собранието, нападнати беа пратеници, новинари и други присутни во Собранието.

Во претходен друг судски процес за насилниот упад во Собранието осудени беа 16 лица на затворски казни од над десет години, односно вкупно 211 години затвор за кривично дело терористичко загрозување на државниот поредок.

Дванаесет обвинети меѓу кои и тогашните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов добија амнестија. Дел од нив подоцна гласаа за промена на името во Северна Македонија.

Слични содржини