Одложено рочиштето за Меѓународен сојуз, првообвинетиот Јовановски се уште е во болница

од Nikola Popovski

Судот го одложи рочиштетот за случајот „Меѓународен сојуз“ за 24 септември, бидејќи првообвинетиот Бојан Јовановски е во болница.

Јовановски пред два дена беше итно опериран поради проблеми со желудникот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски, каде што и се наоѓа во моментов.

Во случајот „Меѓународен сојуз“, обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Слични содржини