Одложено судењето против Димитриевски: „Оваа фарса е поради изборите“

од Nikola Popovski

Поради измена на обвинителниот предмет, необезбедени процесни гараници, доцно доставување на доказите, се одложи првото рочиште во кумановскиот суд против градоначалникот Максим Димитриевски, кој е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување.

Според него, оваа, како што вели, фарса е во контекст на изборите и смета дека истата ќе доживее едно фијаско.

-Јас овде јавно ветувам дека ќе се заложам максимално во следниот период од позицијата за која што претендирам да го демонтираме овој узурпиран судски систем кој што постои во соработка со обвинителскиот и Министерството за внатрешни работи во целост. Затоа што во континуитет се случуваат вакви нарачки од носители на високи политички функции од власта, или во конкретниот случај луѓе од високиот лидершип на СДСМ, да ги злоупотребуваат институциите на системот и да ме доведат и мене и луѓе како мене во ваква состојба. Но ова не ме обесхрабрува, дополнително ме мотивира во моите намери од Македонија да направиме поубаво место за живеење, истакнал лидерот на ЗНАМ и кандидат за претседател пред Кумановскиот суд.

Обвинението го започнаа две правни лица, а случајот се однесува за изградба на станбени единици. Подносителите тврдат дека се оштетени за околу 2 милиони евра. Димитриевски смета дека случајот е монтиран, во пресрет на изборите.

Наредното рочиште е закажано за 30-ти месецов.

Слични содржини