„Одмазднички фустан“: Шакира блесна во проѕирен фустан и собра над милион лајкови (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Откако се дозна за раскинувањето помеѓу Шакира и нејзиниот долгогодишен партнер Пике, огромното мнозинство од јавноста застана на страната на колумбиската пејачка и секојдневно ѝ пишува пораки за поддршка на социјалните мрежи.

Шакира сега се појави и во новата кампања на модната куќа Burberry, а на својот Инстаграм сподели фотографија на која позира во нивниот проѕирен фустан.

„Тоа се вика одмазднички фустан“, „Ова е новиот „одмазднички фустан“, „Така го прават тоа Колумбијките“, напишале обожавателите, мислејќи на одмазднички фустан во кој Лејди Ди се појави во јавноста кога се дозна дека Чарлс ја изневерувал со години со Камила.

Фотографијата на Шакира собра над милион лајкови.

Слични содржини