Однесени во станица осомничените за „Криминалните парцели“ во делчевско

од Nikola Popovski

Осомничените за случајот „Криминални парцели“ се приведени и однесени во полициска станица. Двајца од нив се актуелни управители на сектори во  ЕВН Електрани Македонија.

Се уште не е познато дали Обвинителството ќе им одреди притвор.

Од Финансиската полиција посочуваат дека седумтемина, од кои двајца управители во ЕВН, биле роднински и пријателски поврзани. Успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во делчевско да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои дека го подаруваат. Подарениот имот за неколку дена го продале на ЕВН за 1,5 милион евра.

-Првопријавениот и второприjaвениот во својство на управители на ‘ЕВН – Електрани Македонија’ свесно и со однапред утврдена намера со изготвување анализи на трошоци и добивки со лажни податоци, прикривајќи суштински факти, лажно презентирајќи несоодветни земјишта како да се соодветни за намената за која се купуваат поради фактот што одредени земјишта не ги исполнуваат условите за пренамена на земјоделско во градежно земјиште и одредени земјишта се во несоодветна категоризација на земјиште за намената за која се купуваат, презентирајќи пазарни цени што не соодветствуваат со реалните пазарни цени на земјиштата за конкретната категоризација и класа на земјишта прикривајќи го фактот дека пријавените физички лица – продавачи се меѓусебно поврзани, го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН да донесе одлука за склучување договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи, соопшти Управата на финансиската полиција.

Според владеачката партија СДСМ, дел од осомничените за парцелите се функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски.

-Сите тие се сомничат дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра. Аферата криминални плацеви води директно до Мицкоски и Белиот дворец, додаваат од СДСМ.

Слични содржини