Одобрена ексхумација на Џон Дилинџер – дали ФБИ уби погрешен човек?

од desk2
221 прегледи

 

Властите на американската сојузна држава Индијана одобрија ексхумација на прочуениот гангстер Џон Дилинџер.

Ексхумацијата ја побара неговото семејство сомневајќи се дека неговото тело е закопано во Индијанаполис.

Дилинџер (1903-1934) бил прочуен гангстер од триесеттите години, а американското Федерално истражно биро во тоа време го опиша како „жесток крадец“ кој редовно бил на насловните страници на печатот.

Гангстерот во 1934 година го улила федералната полиција. Закопан е на гробиштата „Краун хил“ во Индијанаполис. Но, некои членови на неговото семејство се сомневаат во полициската верзија на убиството.

Внуката Керот Томпсон тврди дека поседува информации дека човекот кој тогаш се претставувал како Џон Дилинџер и кого го убила полицијата, не е нејзиниот чичко. Како еден од доказите, таа ја наведува бојата на неговите очи и отисоците од прсти.

„Мислам дека важно е да се знае оти ДИлинџер живеел подолго од датумот наведен за негова смрт, а тоа е 22 јули 1934 година. Ако не е тогаш убиен, би сакала да знам што му се случило, каде живеел, дали имал деца, внуци и дали некој од нив е жив“, вели таа.

ФБИ оцени дека нејзината верзија изгледа како „теорија на заговор“. Но, властите на Индијана го одобрија барањето, а ексхумацијата треба да се изврши на 31 декември.

Гробиштата ја оспоруваат одлуката, па целиот случај може да заврши на суд.

Дилинџер е познат по големи грабежи на банки и организирање бегства на други гангстери од затвор за време на Големата депресија во САД.

Бил најпознат гангстер на своето време и една икона на американската култура на 20 век. Посветени му се голем број книги, филмови и телевизиски серии.

На големото платно го играше ЏОни Деп во филмот „Јавен непријател“. од 2009 година.

Слични содржини