Официјално: Олимпијада во Токио без навивачи!

од Vladimir Zorba

Организаторите на Олимписките игри во Токио најавија дека на годинешното натпреварување нема да има публика, поради опасност од ширење на коронавирусот.

Министерот задолжен за Олимписките игри во Јапонија изјави дека навивачите нема да смеат да присуствуваат на натпреварите, извинувајќи им се на сите што веќе купиле билети.

Сеики Хашимото, првиот човек на организацијата на Олимписките игри, рече дека ситуацијата е тажна, но дека овој потег е од суштинско значење за спречување на епидемијата во Токио, каде се појави „делта-вирусот“.

Со денови, медицински експерти од Јапонија ја застапуваат опцијата за одржување на Игрите без публика, бидејќи илјадници спортисти и официјални лица од целиот свет ќе пристигнат во Токио.

Слични содржини