Огромни ајкули снимени со помош на автономни подводни камери

од desk2
390 прегледи

Научници успеаја да направат снимки од огромни ајкули во водите на Шкотска, со помош на првата британска автономна камера за ајкула.

Во сопствеништво на Woods Hole Oceanographic Institute (WHOI), подводниот робот има забележано различни однесувања на ајкулите насобрани во водите на северозападот на Шкотска. Научниците се надеваат дека овие снимки ќе помогнат во зачувување на овој вид ајкули. Иако малку се знае за огромните ајкули распространети во водите на Шкотска, активистите за заштита на средината и животните сакаат овој дел да биде прогласен за заштитен.

Со REMUS Shark Cam се направени фотографии во висока резолуција и висококвалитетни видеоснимки од различни агли. Станува збор за голема ајкула Cetorhinus maximus , втората најголема риба во светот по видот кит-ајкула, заштитена во неколку држави.

 


„Овие џиновски риби се спектакуларни и незаборавно е искуството да ги гледате како грациозно се хранат на површината на водата. Оваа технологија ни дава поглед на однесувањето на ајкулите, што е многу возбудливо. Првите снимки нè наведоа повторно да го процениме нивното однесување, при што заклучивме дека овие ајкули изгледа минуваат многу повеќе време пливајќи над морското дно отколку што мислевме“, вели Сузан Хендерсон, докторка и службеник за морска политика, која е дел од истражувањето.

Слични содржини