Околу него стриптизети, а тој гледа во телефон: Поранешен играч на Челси покажа колку го сака клубот! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Вистинското прашање е како Мајкл Балак заврши во ноќен клуб на Ибица во време кога Челси и Манчестер Сити се бореа за титулата европски шампион.

Тоа сега не е толку важно, колку што поранешниот играч за врска на лондонскиот клуб одолеа на сите предизвици, и го гледаше финалето на Лигата на шампионите на телефон.

И додека полуголите девојки продефилираа на сцената, Германецот не го тргна погледот од малиот екран. Тоа го забележала една од привлечните девојки која се насмевнала кога ја видела оваа сцена.

Пријателите на Балак го снимале на телефоните, а него ништо не му пречело. Тој го следел натпреварот до крајот и го видел огромниот успех на Челси.

Балак играше во финалето со тимот од Лондон во 2008 година, но не успеа да стане европски шампион, бидејќи Манчестер Јунајтед го спречи во тоа.

Слични содржини