ОН: Има убедливи докази за сексуално насилство од страна на Хамас во нападот на Израел на 7 октомври

од Vladimir Zorba

Истражувачки тим на Обединетите нации заклучи дека има „убедливи докази“ дека членовите на палестинската милитантна група Хамас извршиле сексуално насилство, вклучително и силување и групно силување, за време на нападот врз Израел на 7 октомври, пишува Би-Би-Си.

Истрагата, предводена од Прамила Патен, специјален претставник на ОН за сексуално насилство во конфликти, откри дека има „веродостојни информации“ дека заложниците биле изложени на сексуално насилство.

Во извештајот се вели дека „и покрај заедничките напори да се охрабрат“ жртвите да сведочат, тимот не можел да интервјуира ниту една од нив.

Слични содржини